Раководството на НБА-лигата ги објави стартните петорки на источната и западната конференција за престојниот олстар-викенд кој ќе се одржи во „Медисон сквер гардан“ во Њујорк од 13 до 15 февруари.
Покрај проверените први ѕвезди во тимот на источната конефернција се најде Канаѓанецот Кајл Лаури од Торонто, кој доби огромна поддршка од Џастин Бибер и неговите следбеници на „Твитер“, кои безрезервно гласаа за него.
Покрај Лаури, во првата петорка на истокот се најдоа Леброн Џејмс, По Гасол, Кармело Ентони и Џон Вол.
Во тимот на западот во првата петорка ја нема првата ѕвезда на Оклахома, Кевин Дурент, кој долго време беше повреден на почетокот на сезоната, но се очекува да биде во составот од 12 кошаркари. Првата петорка ја сочинуваат Коби Брајант, Стефон Кари, Марк Гасол, Блејк Грифин и Ентони Дејвис.
Настапот на Брајант е незивесен поради повредата на рамото која ја заработи пред два дена на натпреварот против Њу Орлеанс.
Останатите играчи ќе бидат одредени од првите тренери на тимовите кои водат во своите конференции. Тренерот на Перо Антиќ од Атланта Мајк Буденхозер и Стив Кер од тимот на Голден стејт вориорс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Твитер скандал на Трамп: Не е лесно да направите Леброн Џејмс да изгледа паметно
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк




