| четврток, 6 декември 2018 |

Молк во Портланд, Бостон победи во последната секунда (видео)

Синоќа во НБА-лигата беа одиграни четири натпревари. Бостон на гостувањето кај Портланд победи со шут за тројка во последната секунда (90-89), ЛА Клиперс го декласира Бруклин со 39 коша разлика (123-84), Чикаго го изненади шампионот Сан Антонио (104-81), додека Јута славеше на гостински терен кај Милвоки (101-99).

Boston Celtics v Portland Trail Blazers

Изненадувањето на вечерта го приреди Бостон со победата над Портланд. Во последниот напад Тарнер со тројка на една секунда до крајот ја замолкна цела сала во Орегон. По серијата од три порази Бостон успеа да победи, и оваа победа е една од највредните бидејќи го победи четвртиот тим во лигата и еден од главните кандидати за насловот оваа сезона. Портланд беше ослабен со неиграњето на Олдриџ, кој има повреда на лигаментите на прстот и ќе мора да оди да операција и да отсуствува од 6 до 8 недели.
Лилард беше најефикасен кај поразените со 21 поен, кај Бостон се истакнаа Бредли и Салинџер со 18, односно 17 коша.

Во Лос Анџелес уште по првото полувреме беше познат победникот. Клиперс постигна 70 поени и направи разлика од 33 коша над Бруклин за нова победа. Тие полека ја подигнуваат формата за втората половина од сезоната и за плејофот и ова беше деветта победа во 12. натпревар.

blejk grifin

Блејк Грифин беше фантастичен по првите 24 минути постигнувајќи 22 поена од своите 24 во текот на натпреварот, а тренерот Док Риверс во поголемиот дел од второто полувреме го одмораше на клупата. Ова беше најубедливата победа на ЛА Клиперс над Нетс во нивната меѓусебна историја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top