| четврток, 6 декември 2018 |

Благајник од штипската болница проневерил 1,4 милиони денари

штип

Инспектори од Управата за финансиска полиција и СВР-Штип извршија контрола во благајничкото работење и сметководствената евиденција на ЈЗУ Клиничка Болница Штип при што е обезбеден годишниот контролен извештај за 2014 година од фискалната каса со која ракува пријавениот.

По извршените споредби на реализираниот промет од фискалната каса со уплатените парични средства во благајната на ЈЗУ Клиничка болница Штип, констатирано е дека, пријавениот во повеќе наврати лично за себе ги присвојувал наплатените парични средства по основ на полагање на стручен испит, вршење на лекарски прегледи за возачки дозволи, издавање на лекарско уверение како и за препис на документација.

П.М, во својство на службено лице, главен благајник во ЈЗУ Клиничка Болница Штип, во текот на 2014 година со ваквиот начин на работење успеал да проневери и лично за себе да присвои износ од околу 1,4 милиони денари за кој износ е оштетена Клиничката Болница во Штип.

Од извршениот службен разговор со пријавениот утврдено е дека во текот на 2014 година бил задолжен со вкупно 28 кочани на квитанции(потврди за извршена наплата), од кои со 13 не се раздолжил бидејќи парите кои ги наплатил по овие квитанции ги присвоил и потрошил за решавање на свои лични финансиски проблеми.

Заради челосно расчистување на случајот, Финансиската полиција и СВР Штип веќе превземаат дополнителни активности со цел утврдување дали и во минатите години во Клиничката Болница во Штип имало случаеви на проневера на средства од наплатената партиципација од пациентите од страна на вработени во центарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top