| четврток, 6 декември 2018 |

Шок во Мелбурн, испадна Федерер

Роџер Федерер испадна од трката за титула на Отвореното првенство на Австралија, а подобар од него првпат во кариерата беше италијанскиот тенисер Андреас Сепи. Во 11. меѓусебен дуел, Сепи првпат славеше, и тоа со 3-1 во сетови. Федерер е најтрофеен тенисер на сите времиња според бројот на гранслем-титули и има вкупно 17, колекција што нема да се збогати со круна од ОП на Австралија 2015.

Сепи досега губеше со 0-10 од Федерер, а најголем успех на гранслем-турнирите му се двете четврт-финалиња, по едно во Мелбурн и во Њујорк на ОП на САД.

Andreas Seppi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top