| четврток, 6 декември 2018 |

Несекојдневна глетка – три сонца над Монголија (ВИДЕО)

Жителите на Монголија вчера беа сведоци на ретка оптичка илузија. Над нивното небо се чинеше дека светат три сонца. Станува збор за феноменот пархелиј или лажно сонце, односно кога две светли точки се гледаат од двете страни на сонцето на иста висина над хоризонтот. Набљудувачот тогаш добива впечаток дека гледа две или три сонца.

Овој феномен настанува со прекршување на светлината низ хексагоналните кристали од мраз кои се наоѓаат во ретките облаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top