Погодени од постојаното кратење на платите, стјуардесите во Јапонија решиле да ги земат работите во свои раце. Според пишувањето на весникот „Шукан поста“, некои од нив решиле да го продаваат своето тело на пилотите. На тој начин за само 90 минути знаат да заработат од 300 до 450 фунти (од 430 до 720 евра), пишува британски „Дејли меил“.
– Стјуардесите што сакаат да спијат со пилотите за пари го оставаат својот број на телефон на постара стјуардеса која потоа го проследува до пилотите. Исто така, пилотите некогаш со раце им праќаат сигнали со кои им порачуваат дека се заинтересирани и колку ќе им платат. Некои стјуардеси своите услуги ги нудат и преку специјализирани компании – открива стјуардеса за весникот.
Во Јапонија било сон на многу млади жени да станат стјардеси, па поради тоа годишно за оваа работа се пријавуваат по 10.000 девојки.Но, реалноста е поинаква. Според информациите од јапонското Министерство за здравје, работа и социјална заштита, таа работа е слабо платена и поради работата се поминува многу време во лет. Во периодот од 2004 година до 2013 година годишните плати на стјуардесите паднале од 28.000 фунти на 22.000 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.