| четврток, 6 декември 2018 |

Катните гаражи- денешна тема за партиска пресметка

katna_garazza-novoКатните гаражи се објекти изградени со цел да се реши сообраќајниот метеж кој владее во градот и требало многу порано да се изградат како во Скопје, така и во останатите градови во Македонија. СДСМ се обидува да ги проблематизира катните гаражи, иако целокупната постапка за нивна изградба е водена законски, а за секоја катна гаража е одржана електорнска аукција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

СДСМ обвини дека премногу пари се трошат за изградба на катни гаражи во Скопје кои не се квалитетно изградени. Портпаролот Шилегов оцени дека за шест катни гаражи во Скопје се потрошени над 72.000.000 евра и оти според нивните проценки за едно паркинг место се потрошени околу 50 илјади евра.

– Ако веќе катните гаражи чинат милиони, барем да беа саглам направени, посочи Шилегов.

Од ВМРО- ДПМНЕ возвратуваат, ова е навистина крајно манипулаторски начин за спинување на Шилегов и СДСМ од скандалите кои директно се врзуваат за нив.

-Петре Шилегов, наместо да се занимава со манипулации и фингирање скандали, нека се позанимава со вистинските скандали во кои тој е заглавен до гуша, вели ВМРО-ДПМНЕ и ги повтори прашањта за то дали неговата сопруга поседува или не имот од кој добива месечна закупнина од 700 евра, дали има договори за закупнина со 4-те фирми кои се кираџии во неговиот стан и дали ги пријавува сите извори на приходи или има уште приходи од сомнителни извори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top