| четврток, 6 декември 2018 |

Со пушка си ги барал неисплатените плати

lovna puska

Четирисетгодишен виничанец вчера, во алкохолизирана состојба, си ги барал неисплатените плати од газдата на фирмата во која работел. Насилникот не пукал туку го удрил газдата со кундак по главата, по што избегал, но набрзо потоа бил фатен од полицијата.

МВР јави дека вчера околу 16.20 часот во полициската станица во Виница, Г.А.(38) од Кочани телефонски пријавила дека истиот ден на локалниот пат Виница – село Јакимово, во просториите на објектот – млин „Дарио пром – Спартак“, дошол В.А.(41) од Виница, кој бил под дејство на алкохол и со закана со воздушна пушка почнал да го бара сопственикот Д.Р.(59) од село Јакимово за да му ги исплати неисплатените плати.

Откако Г.А. се обидела да му ја одземе пушката, истиот физички ја нападнал и си заминал. По кратко време дошол Д.Р. и заедно со Г.А. се упатиле за Виница, а на патот биле пресретнати од В.А., кој со кундакот од пушка го удрил Д.Р. во пределот на главата и побегнал. На Д.Р. и Г.А. им е укажана лекарска помош во Здравствен дом  -Виница, а В.А. е приведен во полициската станица во Виница за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top