| четврток, 6 декември 2018 |

Дарио Шариќ прогласен за најдобар млад играч во Европа

ФИБА Европа го прогласи Хрватот Дарио Шариќ, играч на Анадолу Ефес, за најдобар млад играч на стариот континент за 2014 година.

FIBA Basketball World Cup 2014

Вторпат во својата кариера Шариќ е добитник на оваа титула, а претходно тоа им успеало само на Јонас Валанчиунас и на Рики Рубио.
За разлика од овие двајца, ова на Шариќ му успеа две години по ред. Минатата сезона кошаркарот со неговиот поранешен тим Цибона успеа да ја освои АБА- лигата, а учествуваше и на Светското првенство за својата земја. На мундијалот тој просечно постигнуваше по 11,7 поени и 6,7 скока, што беше доволно да направи трансфер во турскиот гигант под водство на Душан Ивковиќ.

На НБА-драфтот е избран како 12. пик од Орландо, но веднаш е испратен во Филадефија.

The  2014 NBA draft

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top