Кошаркарската Лига на шампиони го промени форматот на натпреварување и од следната сезона наместо досегашните 40 ќе има 32 клуба, објавија од ФИБА. Актуелен шампион на ова натпреварување е тимот на Тенерифе, кој во финалето го совлада турскиот Банвит.
Директен пласман наредната сезона во Лигата на шампионите ќе обезбедат 24 клуба, додека останатите осум ќе бидат познати по дополнителните квалификации. Регуларниот дел од сезоната ќе има четири групи со по осум тимови, а најдобрите четири од секоја група ќе се пласираат во осминафиналето.
Петтиот и шестиот од секоја група своите натпревари ќе имаат шанса да ги продолжат во ФИБА Еврокупот. Од Светската куќа на кошарката усвоија и нов правилник, според кој секоја екипа во својот состав ќе мора да има по пет домашни кошаркари.
Групната фаза на ФИБА Лигата на шампионите ќе започне на 10 октомври и ќе трае до 7 февруари. Осминафиналните и четвртфиналните натпревари ќе се играат на две добиени средби, додека Ф4 завршницата ќе се одржи од 4 до 6 мај наредната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.