Европа треба да го зајакне својот арсенал против тероризмот, бидејќи е соочена со двојна закана од масовен напад на Ал Каеда и активностите на радикализирани групации, предупредија неколку европски извори.
Ал Каеда е ослабната, но може да посака да организира напад врз Западот, за да покаже дека постои. Ова стравување го имаат голем број разузнавачки служби и конкретно британската МИ5, изјави извор запознат со ова прашање, јави БТА.
Најголемата опасност сепак доаѓа од изолирани терористички дејствија, бидејќи нивното откривање е мошне сложено, истакна францускиот европратеник Арно Данжан, кој е поранешен разузнавач.
Шестнаест денови по нападот во Париз и една недела по специјалната операција во Белгија против терористите, кои подготвувале напади, Данжан е уверен дека тоа ќе се случи повторно. Околу 30 отсто од над три илјади Европејци, кои се приклучиле кон терористичките исламистички движења во Сирија и Ирак се вратиле во своите држави.
Проблемот со Исламска држава не е дека таа спонзорира некого, туку дека таа всушност „инспирира“ многумина, додаде Данжан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа


