Викторија Азаренка се врати на тениските терени во препознатливата форма, а потврда за успешното враќање е победата во дербито од втората рунда на Отвореното првенство на Австралија против Каролине Вознијачки.
Во два сета со 6-4, 6-2, лесно и убедливо Азаренка ја надигра и елиминира данската тенисерка и си обебзеди настап во следната рунда.
Гаел Монфис одигра нов маратонски меч, овојпат без среќен крај за атрактивниот француски тенисер. Јержи Јанович славеше со 3-2 и мина понатаму, користејќи го умешно заморот на Монфис. Французот и вчера одигра меч во пет сета, анулираше негатива од 0-2 против Пује, но сега не успеа да го повтори подвигот и да врзе две победи во пет сета.
Третиот ден на гранслемот во Мелбурн беше речиси совршен за фаворитите, кои нижеа победи. Во битка за титулата остануваат Новак Ѓоковиќ, Станислас Вавринка, Кеи Нишикори, Давид Ферер, сестрите Вилијамс, Радванска, Квитова…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.