| четврток, 6 декември 2018 |

Жервињо казнет со два меча

По добиениот црвен картон и недоличното однесување на теренот против Гвинеја на Африканскиот куп на нации во првото коло, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Жервињо, ја доби заслужената казна.

Group C - Colombia vs Cote d'Ivoire

Тој доби суспензија од два натпревара и нема да може да им помогне на своите колеги од репрезентацијата на останататите натпревари од групата. Жервињо без топка го удри играчот на Гвинеја, Набија Кеита, и заслужи директен црвен картон.
Натпреварот заврши 1-1, а во истата група се и репрезентациите на Мали и на Камерун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top