Атланта хоукс не запира и ја продолжи серијата победи во НБА-лигата како водечка екипа во Источната конференција. Ноќеска, предводени од извонредниот Перо Антиќ, „јастребите“ ја прокнижија 14. едноподруго победа, вкупно 34. Антиќ постигна 12 поени за 18 минути игра и повторно покажа дека му лежи играта на Индијана пејсерс. Атланта славеше со 110-91.
Македонскиот кошаркар стигна и да си поигра со лутиот ривал од спротивната страна Дејвид Вест и во еден момент со финта да го исфрли од игра и да забие.
Резултати: Шарлот-Мајами 78-76, Кливленд-Јута 106-92, Филаделфија-Њујорк 91-98, Детроит-Орландо 128-118, Мемфис-Торонто 92-86, Минесота-Далас 75-98, Њу Орлеанс-ЛА Лејкерс 96-80, Вашингтон-Оклахома 103-105 (по продолженија), Феникс-Портланд 118-113, Сакраменто-Бруклин 100-103.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



