Две недели по нападите во Париз, Франција најави низа мерки против терористичките закани на кои во следните три години ќе потрошат 425 милиони евра.
Вкупно треба да се следат 3.000 луѓе во Франција поради нивната поврзаност со џихадистите или со терористички организации во Сирија и во Ирак, изјави премиерот на Франција, Мануел Валс, споменувајќи го и „франкофонскиот кибернетско-џихадистички домен“.
Европската комисија, исто така, треба да објави безбедносни мерки наменети за засилување на антитерористичката соработка и превенцијата со евентуални нови напади.
– Планот на засилување на борбата против тероризмот во Франција предвидува вкупно 425 милиони евра за вложување во опрема и функционирање во следните три години – истакна Валс.
Во текот на истиот период француската влада ќе отвори 2680 нови работни места посветени на борбата против тероризмот.
Премиерот, исто така, најави дека француската влада ќе се бори и против географскиот, социјалниот и етничкиот апартхејд во Франција.
– Мораме да се бориме против сите поделби, напнатоста која трае со години… занемарувањето на гетата, социјалната беда – истакнал францускиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.