| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се претендентите за тронот во СДСМ

За мно­гу­ми­на овие ло­кал­ни из­бо­ри и кам­па­ња­та, со иск­лу­чок на ет­нич­ки­те за­чи­ни во Ки­че­во и во Стру­га, се, мо­же­би, најз­до­дев­ни­те во исто­ри­ја­та на ма­ке­дон­ска­та плу­рал­на по­ли­тич­ка сце­на.  Ку­ло­ар­ски­те му­а­бе­ти, кои во­о­би­ча­е­но тре­ба да се на­со­че­ни кој ка­де ќе по­бе­ди, се­га се на­со­че­ни кон пра­ша­ње­то кој мо­же да би­де по­бед­ник, но не на ло­кал­ни­те из­бо­ри ту­ку во би­тка­та за тро­нот во СДСМ. Неделникот Република во новиот број направи ана­ли­за на си­те игра­чи и ком­би­на­ции во пре­срет на мај­ски­от кон­грес на СДСМ за кој го­лем дел од спо­ме­на­ти­те на го­ле­мо се под­го­тву­ва­ат за­не­ма­ру­вај­ќи ги при­тоа актив­но­сти­те, кои на опо­зи­ци­ја­та мо­жат да ѝ до­не­сат не­кол­ку гра­до­на­чал­нич­ки ме­ста и де­се­ти­ци со­вет­нич­ки ме­ста по­ве­ќе.

 Бран­ко Цр­вен­ков­ски

И по­крај си­те сла­бо­сти и ни­зок реј­тинг во од­нос на нај­го­ле­ми­от про­тив­ник Гру­ев­ски, Цр­вен­ков­ски оста­ну­ва гла­вен кан­ди­дат за ли­дер на опо­зи­ци­ја­та во на­ред­ни­ве го­ди­ни. Не­го­ва­та из­ја­ва­та де­ка не си оди од пар­ти­ја­та сѐ до­де­ка не го по­ра­зи Гру­ев­ски е по­ра­ка до си­те дру­ги гру­пи пре­тен­ден­ти де­ка тре­ба да вни­ма­ва­ат со истак­ну­ва­ње на сво­и­те кан­ди­да­ту­ри и во исто вре­ме нај­до­бри­от по­ка­за­тел де­ка  за не­го кон­гре­сот во мај ќе би­де „да се би­де или не“.

Игор Ива­нов­ски – Ше­ма

За не­го во кам­па­ња­та за пре­тсе­да­тел на пар­ти­ја­та, до­кол­ку Цр­вен­ков­ски се ре­ши да се пов­ле­че, фор­мал­но ќе би­дат тие што ќе са­ка­ат кон­ти­ну­и­тет на вла­де­е­ње­то од пос­лед­ни­ве не­кол­ку го­ди­ни. Нас­про­ти пред­но­ста што ќе му ја на­пра­ват чле­но­ви­те на ка­би­не­тот на ли­де­рот Ива­нов­ски, на те­рен ќе се со­о­чи со от­пор кај тие што  не го са­ка­ат за­тоа што не го до­жи­ву­ва­ат ка­ко ли­дер ту­ку ка­ко глас­ник на Цр­вен­ков­ски и ка­ко чо­век што не­ма свој став ту­ку се­ко­гаш ги спро­ве­ду­ва од­лу­ки­те на ше­фот.

 Зо­ран Јо­ва­нов­ски

Кре­а­то­рот на еко­ном­ска­та по­ли­ти­ка на СДСМ, Зо­ран Јо­ва­нов­ски по­ра­ди сво­ја­та јав­на бли­скост до Цр­вен­ков­ски до­а­ѓа вед­наш по Ива­нов­ски на ли­ста­та на мож­ни ли­де­ри на опо­зи­ци­ја­та. Иа­ко не мо­же да се по­фа­ли ни­ту со убед­лив ја­вен на­стап ни­ту со го­ле­мо вли­ја­ние во пар­ти­ја­та, Јо­ва­нов­ски е еден од ре­тки­те што има­ат до­бар од­нос кон си­те фрак­ции.

Рад­ми­ла Ше­ќе­рин­ска

До­кол­ку во мај СДСМ ги на­пу­шти за­тку­лис­ни­те игри и де­ле­га­ти­те одат на гла­са­ње во сог­лас­ност со сво­јот став, екс­ли­дер­ка­та и кан­ди­да­тка за пре­ми­ер во 2008 го­ди­на, Рад­ми­ла Ше­ќе­рин­ска,  е нај­го­ле­ма­та фа­во­ри­тка.

 Зоран Заев

За гра­до­на­чал­ни­кот на Стру­ми­ца, и по­крај тоа што бе­ше або­ли­ран од то­гаш­ни­от пре­тсе­да­тел Цр­вен­ков­ски, а на два­па­ти има­ше те­шки га­фо­ви во кои нај­а­ви де­ка „ќе ја­де жи­ви лу­ѓе“  и „ ќе пу­ка“,  мал­ку­ми­на би рек­ле де­ка е кон­тро­верз­на лич­ност. Дел од чле­но­ви­те се си­гур­ни де­ка за кон­гре­сот во мај тој ве­ќе имал обез­бе­де­но под­др­шка од ед­на пет­ти­на од стру­кту­ри­те на СДСМ над­вор од глав­ни­от град.

Владо Бучковски

Единс­тве­ни­от ма­ке­дон­ски пре­ми­ер што во овал­на­та со­ба во Бе­ла­та ку­ќа раз­го­ва­рал со еден аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел, иа­ко ве­ќе фор­мал­но не е член на СДСМ, сѐ уште се сме­та за мо­жен нас­лед­ник на Цр­вен­ков­ски. Не­гов хен­ди­кеп е што нај­го­лем дел од пар­ти­ска­та ба­за, ко­ја бе­ше на зна­чај­ни по­зи­ции ко­га тој бе­ше пре­ми­ер, се­га не е во вр­вот на пар­ти­ја­та.

 Кире Наумов

Ки­ре На­у­мов не­ма да че­ка до мај. Тој сво­ја­та пла­тфор­ма ќе ја об­ја­ви по за­вр­шу­ва­ње­то на из­бо­ри­те. За мно­гу­ми­на Ки­ре На­у­мов е нај­со­од­вет­на лич­ност и тран­зи­ци­ски ли­дер што би ја во­дел пар­ти­ја­та до­де­ка ра­бо­ти­те не слег­нат це­лос­но, но и ре­ше­ние што мо­же дол­го­роч­но да ја вра­ти ста­бил­но­ста на опо­зи­ци­ја­та.

Але­ксан­дар Ма­тов­ски

Не­го во ку­ло­а­ри­те го про­те­жи­ра дел од „ме­ди­ум­ско­то кри­ло“ на пар­ти­ја­та. Але­ксан­дар Ма­тов­ски бе­ше со­вет­ник за над­во­реш­на по­ли­ти­ка на Буч­ков­ски, а ве­ќе не­кол­ку го­ди­ни е во Аме­ри­ка. Тој е нај­по­са­ку­ван за иден ли­дер на СДСМ најм­но­гу по­ра­ди сво­и­те лич­ни ква­ли­те­ти, но, пред сѐ за­тоа што тој е, мо­же­би, единс­тве­ни­от што не­ма ни­ка­кви хи­по­те­ки во сво­ја­та ка­ри­е­ра.

Целосната анализа ќе ја прочитате во новиот број на неделникот Република, кој е во продажба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top