Еден од најборбените македонски репрезентативци на ова светско првенство играчот на Металург Филип Миркуловски водеше голема битка со корпулентните хрватски репрезентативци во натпреварот во кој Македонија загуби со 26-29.
Тешко успеваше да го најде патот до голот покрај горостасите Гојун, Копљар, Дувњак и Вори во одбраната.
Сепак тој изјавува дека чесно се поразени и ништо не е загубено. Се оди по планот и зацртаната цел.
– Имавме добра шанса за победа денеска. Добро го започнавме мечот и до средината на првото полувреме имавме предност од четири голови (9-5). Сепак повторно ни се случи да не успееме да дадеме гол цели 12 минути, а то знаеја да го искористат искусните Хрвати. Немавме сили како со Босна и Тунис да се врати во игра. Ова беше четврти наш натпревар и можеби сме малку изморени. Чесно загубивме.
Немаше никаков план за да се штедиме на овој натпревар. Сакавме да ја победиме Хрватска и да бидеме први во групата. Сепак се оди според планот и со бод во последниот натправар од групата ќе бидеме втори. Тие се компатна репрезентација. Немаме време и затоа мора да почнеме да се подготвуваме за тој натпревар. Со победа над Австрија ќе бидеме втори во групата и се надеваме на полесен противник во осминафиналето – изјави Филип Миркуловски по натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.