| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот за надворешни работи на Австрија ja посети ХЕЦ “Матка”

Министерот за надворешни работи на Австрија г-дин Себастијан Курц, во рамки на официјалната посета на Република Македонија,  ја посети хидроцентралата “Матка” на ЕВН Македонија.

PFZ_8935

Заедно со својата делегација и придружуван од Амбасадорот на Република Австрија во Македонија д-р Томас Михаел Баер, г-дин Курц имаше можност да се запознае со богатата историја на Матка, која датира од триесетите години на минатиот век.  Хидроцентрaлата Матка покрај живописната природа која ги остава посетителите без здив, најтесно е поврзана со електрификацијата, а со тоа и развојот на Градот Скопје и неговото прераснување во модерна метропола.

PFZ_9062

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top