| четврток, 6 декември 2018 |

Андреј Петров призна дека СДСМ го манипулирала народот за бојкотот на изборите

Генералниот секретар на СДСМ, Адреј Петров, во вчерашниот дуел со неговиот противкандидат за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, призна дека неговата партија го манипулирала народот цели два месеци кога тврдеше дека ќе ги бојкотира локалните избори. Петров рече дека го убедувале и Јакимовски до последен момент да издржи затоа што ќе оделе на избори.

–  Господинот Јакимовски до 15 минути пред 12 часот го убедувавме да не го прави тоа и дека ќе идеме на избори. Да издржиме. Тој ни рече „ако вие сте секта, јас не сум секта, со вас да гинам“. Ние не сме секта – изјави Андреј Петров во емисијата „Вин вин„ на „24 вести“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top