| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски лекари на доедукација во Израел

lekari

Министерството за здравство објави јавен повик за стручна доедукација на доктори на медицина–специјалисти и специјализанти од јавните здравствени установи во реномираниот универзитетски медицински центар Хадасах Хибру во Ерусалим, Израел.

Станува збор за повеќемесечна стручна обука во период од три до четири месеци, при што доктори од различни специјалности ќе имаат можност да ги споделат најновите достигнувања во дијагностиката и во третманот на одредени болести во повеќе медицински области, како што се анестезија, реанимација и интензивно лекување, ургентна медицина, васкуларна хирургија, торакална хирургија, педијатриска кардиологија, неонатологија, неврологија, неврохирургија, урологија, дигестивна хирургија и третман за плодност.

Заинтересираните кандидати треба да аплицираат во Министерството за здравство, најдоцна до 15-ти февруари годинава.

Универзитетскиот медицински центар Хадасах Хибру е лидер во медицината и медицинските истражувања во Израел, каде се обезбедува здравствена заштита на речиси милион лица во текот на годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top