| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лопез: Имаат проблем со мојот сексапил само затоа што сум мајка

Таа откако се појави на музичката сцена е симбол на сексипилот, па и денес со своите 45 години. Сепак Џенифер Лопез ја открива и тешката страна на улогата која ја стекнала за време на својата кариера.

Таа пред неколку месеци го објави спотот за песната „Бути“ во кој ја покажа својата импресивна фигура и сексапил, а наскоро ќе ја гледаме и на малите екрани во филмот „The Boy Next Door“, во кој глуми атрактивна мајка. Сепак пејачката кажува дека титулата икона на сексапилот има и свои лоши страни.

Таа за списанието „Комплекс“ отворено се обратила на сите критичари за нејзиниот сексапил.

Џенифер првпат зборувала за критиките кои ги добива, затоа што настапва на одреден начин иако станала мајка на две деца.

Латини пејачката изјавила „често излегува дека на мајките не им е дозволено да бидат привлечни и атрактивни затоа што имаат деца. Што мислите, како ги добив своите деца?“.

Таа смета дека е далеку поважно што прави дома како мајка од тоа како се однесува на сцена или во своите спотови.

Таа вели дека на децата најважно им е дали е покрај нив и дали внимава на нив, а не дали е во некое секси видео.

„Јас не викам дека можеби еден ден моите деца нема да ми кажат „Мамо зошто си го правела тоа“, но сепак не верувам дека за десет години од сега ќе снимам исти спотови“, изјавува Џеј Ло.

Таа за спотот „Бути“ кој го сними со Иги Азалеја рекла дека спотот е одлична порака до жените затоа што таа со своите четириесетипет години стои рамноправна со девојките кои се во своите дваесети.

janifer lopez

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top