| четврток, 6 декември 2018 |

Како божица: Џенифер Лопез го слави 49 роденден, а не е остарена ниту ден!

Да се биде младолик во доцните четириесетти е навистина импресивно, а да се изгледа помладо, тогаш тоа е магијата на Бенџамин Батон!
На прашањето како омилените личности успеваат во тоа, одговорот сигурно подразбира голем внес на вода, користење креми за сонце и добар сон. Но Џенифер Лопез се колне дека волшебната напивка од нејзиното шише подразбира позитивно размислување.

-Јас сум младолика и не обрнувам внимание на годините. Можеби звучи како клише, но не е. Годините се во вашата глава. Погледајте ја Џејн Фонда- рекла Џенифер.

Секако дека не внесува многу вода и иде на третмани за лице и верна е на кремите за сонце. Нејзиното момче, Алекс Родригез рекол дека Џени спие од 8 до 10 часа дневно. Не пие, не пуши и живее со многу чист живот.

Секако многу е дисциплинирана. Вежба минимун пет пати дневно, учествува во емисии, снима песни.

Со своето момче тренира редовно и многу е ентузијастична пред и после секој тренинг. Некогаш им се придружуваат и неговите пријатели. Иако сето тоа се професионални спортисти, пејачката никогаш не се откажува од тренинг. Ја сака ефикасноста и силата која ја има псоле тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top