| четврток, 6 декември 2018 |

Решена мистеријата за женската ејакулација

Женската ејакулација до неодамна била мистерија, како за жените, така и за научниците. Мистеријата најпосле е решена.

orgazam

Додека кај мажите тоа е вообичаена работа за која што многу се знае, женската ејакулација досега беше мистерија. Повеќето жени начуле нешто за тоа, но дури три од десет жени не веруваат дека женската ејакулација воопшто постои.

Научиниците велат дека постои, а откриле и што точно се случува тогаш во телото на жената.

Благодарејќи на група француски научници кои ги предводел гинекологот Семјуел Салам, откриено е дека женската ејакулација е всушност „исфрлање на урина за време на сексуална активност“. И да, тоа може да се случи дури иако бешиката е испразнета пред сексуалниот однос, а тоа е знак дека жената навистина ужива во односот.

Исто така научниците велат дека материјата која што жените ја исфрлаат за време на ејакулацијата во основа е урина, помешана со ензим ПСА, а до ејакулација доаѓа кога мускулното ткиво се стега за време на оргазмот и ја истискува содржината на жлездата.

Со оглед на тоа дека ниту жените не биле многу упатени во женската ејакулација, многу од нив се воздржувале од достигнувањето на оргазмот, како не би ја испуштиле таа мала количина на урина или па барале совети од доктори.

Имајте на ум дека женската ејакулација, иако во основа е урина, тоа не значи дека сте се измочале за време на сексот, напротив, тоа би требало да го сметате за возбудливо, затоа што тоа е знак дека уживате во сексот, затоа што ејакулацијата за разлика од оргазмот, не може да се одглуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top