Марија Шарапова се намачи за пробив во второто коло на Австралија опен, а тврд орев што на крајот сепак се скрши пред налетите на Маша беше нејзината сонародничка Александра Панова. Со 6-1, 4-6, 7-5 победи поискусната и многу потрофејна тенисерка, но со играта не потврди дека е фаворитка за трофејот во Мелбурн.
По еден сет загубија и фаворитите во машка конкуренција, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Федерер со 3-1 го елиминира Симоне Болели, а Надал се уште игра и се мачи против Смичек. Моментно резултатот е 1-1 во сетови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.