Легендарниот и екстравагантен поранешен германски ракометар Штефан Кречмар е еден од ретките поранешни играчи кои немаат желба својата кариера да ја продолжат во тренерските води, туку работи како стручен аналитичар и коментатор на германската телевизија Спорт 1.
Тој за специлазираниот ракометен портал балкан-хендбол имаше свое видување за досегашниот тек на светското првенство, за неговата репрезентација, за фаворитите, а посебен дел одвои и за Македонската репрезентација.
На прашањето дали досега гледал некој друг натпревар освен на својата земја, тој напомена дека го прател натпреварот меѓу Македонија и БиХ.
– Имав прилика малку да го следам натпреварот Македонија – БиХ. Македонците секогаш се незгодни, неверојатни. Мене не ми е јасно како они победуваат. Играат со полно срце, го имаат најверојатно најдобриот десен бек во светот во овој момент. Ја обажавам играта на Кирил Лазаров, како само го разбира ракометот, голем суперстар. Нивниот голман не личи на спортист, но брани фантастично, ме воодушевува. Останатите не се баш некои индивидуалци. Талентот им е лимитиран, но сегаш максимално го пренесуваат на терен и го даваат максимумот. Играат со срце и се гледа гордоста во нивната игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


