Тажна вест, фотографии со заводливи голи жени нема повеќе да ја красат популарната трета страница на британскиот таблоид „Сан“, пренесува БиБиСи. Британскиот весник „Тајмс“, тврди дека број на „Сан“, што ќе излезе во петок ќе биде последен, во кој ќе бидат објавени фотографии со заводлива голи жени. Се претпоставува дека тиражот на овој проштален број ќе се зголеми значително.
Обожавателите на третата страница, сепак нема да останат сосема суви, бидејќи фотографиите ќе продолжат да се објавуваат на сајтот на весникот.
Фотографиите на 3-тата страница на „Сан“, често беа критикувани како сексистички и старомодни. Традицијата на оваа страница да излегуваат фотографии на голи жени трае од 1970 година, кога весникот беше купен од Руперт Мрдок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



