Во Тетово денеска ќе се одржи последниот од караванот саеми за вработување во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија на кој ќе се претстават компании од производство, банкарските и осигурителни услуги и од други дејности.
Саемот е можност за граѓаните да добијат шанса и да ја пронајдат својата следна работна позиција која ќе го збогати нивното работно искуство и кариера, без разлика дали се работи за моментално невработени лица или веќе вработени лица кои се во потрага по подобро работно место од сегашното.
На саемот ќе бидат присутни и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, раководителот на АВРМ Тетово Томислав Трифуноски, тетовската градоначалничка Теута Арифи, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи и претставници на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.