Петмината Чеченци кои вчера беа уапсени во голема акција на француската полиција се сомничат дека подготвувале терористички напад во Франција.
Француските медиуми повикувајќи се на извори во истрагата пишуваат дека четворица од групата биле уапсени во Монпеље, а петтиот во Безиер. Непосредно пред нивното апсењ, полицијата пронашла голема количина експлозив во близина на стадионот во Безиер.
Случајот во Франција се уште официјално не е предаден на одделот за антитероризам, а локалните медиуми известуваат дека е можно да станува збор за организирана криминална група која се подготвувала за осветнички походи кон други криминални банди.
Во Чеченија, каде што мнозинството население е муслиманско, се одржаа најголемите демонстрации поради карикатурите на пророкот Мухамед кои минатата недела ги објави магазинот Шарли ебдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.