Политички земјотрес би можел да ја погоди Европа во 2015 година, се наведува во истражувањето на „Економист Интелеџенс Јунит“, јави Би-Би-Си.
Според истражувањето поради се поголемата популарност, популистичките партии би можеле да победат на изборите и да ги натераат умерените партии на коалиција со нив, нешто што претходно било незамисливо.
– Европската „криза на демократијата“ е јаз меѓу елитата и гласачите, наведува „Економист Интелеџенс Јунит“.
– Во срцето на европската политика се наоѓа огромна дупка на местото, каде што би требало да има големи идеи, додава „Економист Интелеџенс Јунит“.
Клучен феномен за овој фактор се слабата излезност на изборите и драстичниот пад на бројот на членовите во однос на традиционалните прашања.
Велика Британија, чии граѓани во мај ќе излезат на избори е на прагот на потенцијално подолг период на нестабилност, се наведува во истражувањето. Шансите изборите да доведат до формирање нестабилна влада се многу поголеми од претходно. Се проценува дека популистичката Велика Британија Независна партија ќе земе гласови и од Конзервативната и од Лабуристичката партија.
Но најнепосреден политички предизвик и тест, кој ќе покаже како растечкиот популизам постигнува успех на изборите, се вели во истражувањето, е тој што ќе се случи во Грција.
Парламетнарните избори во Грција беа распишани за 25 јануари, откако Парламентот не успеа да избере нов претседател.
Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека крајната левица, популистичката партија СИРИЗА, би можела да се појави како најсилна партија.
Доколку тоа се случи, според „Економист Интелеџенс Јунит“ ќе биде предизвикан бран ширум Европската унија, кој би бил катализатор за политичките пресврти во другите земји.
– Доколку СИРИЗА дојде на власт тоа би дејствувало дестабилизирачки во самата Грција, но и во регионот. Речиси е сигурно дека би дошло до криза меѓу Грција и меѓународните кредитори, со оглед на тоа дека отписот на долговите е една од основните идеи на нејзината политичка платформа, се додава во истражувањето.
Избори во Европа со потенцијално непредвидливи резултати, според истражувањето, ќе има и во Данска, Финска, Шпанија, Шведска, Германија и Ирска.
– Заеднички именител во тие земји е зголемувањето на рејтингот на популистичките партии, се наведува во истражувањето на „Економист Интелеџенс Јунит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа