На познатата хрватска радио и телевизиска водителка и се закануваат со ликвидација и со поставување на бомби и ја нарекуваат со навредливи имиња само затоа што коментирала околу улогата на дијаспората во изборот на претседатлката на Хрватска.
Татјана Јуриќ (32), позната хрватска радио и телевизиска водителка, минува низ вистински пекол во последните неколку дена само затоа што на социјалната мрежа Фејсбук кажала што мисли околу учеството на дијаспората на претседателските избори во Хрватска и улогата во победата на Колинда Грабар – Китаровиќ.
На нејзиниот профил на Фејсбук веќе добила над 700 заканувачки пораки во кои и се закануваат со ликвидација, насилство, ја навредуваат и ја нарекуваат со погрдни имиња.
Смртните закани одат дотаму што одредени лица напишале дека ќе и постават бомба под автомобилот. Покрај тоа ја наркуваат к**ва, ку*ка, смдрливо ѓубре и други навредливи имиња.
“Ке те заколеме к**во четничка“, “ пи**о комунистичка“, “гори во пеколот, српско комунистичко гомно“, “ку**о исфрустрирана дијаспората ти овозможи леб да јадеш а акот тие тоа проблем сели се во Белград“, “ не доаѓај во Херцеговина ќе те претеме“ се само дел од заканите и пораките кои таа ги доби неколку часа по победата на кандидатот на ХДЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.