| четврток, 6 декември 2018 |

Искршени грчките гробишта кај Валандово

Фото: Прототема

grcki grobista prototema

Непознати ги испокршиле грчките гробишта од Првата светска војна кај Валандово, јави Министерството за надворешни работи на Грција.

Шефот на грчката канцеларија за врски во Скопје вчера од Министерство за надворешни работи побарал итно да се откријат вандалите што ги оштетиле грчките воени гробишта од Првата светска војна во близина на Валандово.

„По наредба на министерот за надворешни работи, Димитрис Аврамопулос, шефот на канцеларијата за врски во Скопје ќе достави официјална протесна нота до Министерството за надворешни работи на ФИРОМ, во која ќе побара од властите да го осудат инцидентот и да ги преземат сите задолжителни мерки за пронаоѓање и за казнување на виновниците, како и за санирање на материјалната штета. За жал, ваквите настани уште еднаш ги потврдуваат опасностите и последиците од национализмот и популизмот што се негува во ФИРОМ и доаѓа до степен брутално да ги навредува мртвите и да покажува непочитување на историјата“, пишува во соопштението од грчкото МНР.

Предизвиканата материјална штета е голема, а на самото место во Валандово се упатиле претставник на грчката канцеларија за врски и военото аташе. Вандалскиот чин се случил пред неколку дена кога биле оштетени надгорбните плочи и искршени крстовите на гробиштата на загинатите грчки војници од Првата светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top