Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија Михаил Гаревски, денешните тресења ги спореди со земјотресот кој се случил во Валандовскиот крај во 1904 година, а кој се смета за најсилен на Балканот.
Тогаш имало првичен релативно силен удар, по што следел и главниот удар кој бил со јачина од 7,8 степени по Рихтерова скала.
Тогаш била змерена е јачина на земјотрес М=7,8 по Рихтерова скала, а почувствуван со 10 степени по Меркалиева скала.
Во Македонија има триесетина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.