| четврток, 6 декември 2018 |

Шверц на марихиуана од Македонија прекинат во Загреб

marihuana

Двајца дилери се уапсени во акција на хрватската полиција во Загреб, со која е уништен каналот преку кој од Македонија се шверцува голема количина марихуана низ Србија, БиХ, Хрватска и Словенија кон западна Европа, објави „24 вести“.
Полицијата, по претходно добиени информации, ја следела пратката од 20 килограми марихуана од Македонија. Со оглед дека дилерите целото време биле под надзор, полицијата го снимила секој нивен чекор уште од Македонија, па сè до Загреб. Уапсени се 37-годишниот Суљо Шкапур, еден од клучните фигури во зеничката наркомафија, и Адис С., двајцата државјани на БиХ.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, на подрачјето на Загреб се уапсени уште двајца членови на наркомафијата, а се вршат подготовки за апсења и во други држави чии полиции учествувале во акцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top