Актерите Шон Пен и Шарлиз Терон, за кои се смета дека се свршија на романтичната прошетка до Париз во ноември, сакаат да се венчаат оваа година на приватна плажа. Двајцата планираат мала церемонија на која ќе присуствуваат само роднини и блиски пријатели.
Извор близок до 39-годишната актерка, за која ова ќе биде прв брак, објави дека ѕвездите за место на свадбата ќе изберат меѓу Јужна Африка, Куба или Малибу.
– Шон ја поддржува идејата за свадба во Јужна Африка, а двајцата се целосно едногласни за церемонија на брегот на морето. Тоа ќе биде мала, но романтична свадба и задолжително ќе биде на зајдисонце – изјави извор близок до двојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.