| четврток, 6 декември 2018 |

Се спукаа во францускиот табор, Фернандес ја загуби капитенската лента

Има ли проблеми во францускиот табор во Катар откако селекторот Клод Онеста одлучи да го смени капитенот Жером Фернандес. Иконата на францускиот ракомет ја загуби лентата по два меча на „триколорите“ на мундијалот иако актуелниот европски и олимписки првак победува и игра сигурно.

Едноставно, Онеста изјави дека нема проблеми, само му треба нова врска со ракометарите, а од игра за такво нешто во опција веќе не е 37-годишниот Фернандес.

onesta

– Немаме лични проблеми, само ми треба поинаков пристап и врска до ракометарите – изјави Онеста.

Франција е меѓу главните фаворити за титулата во Катар, а Фернандес е вистинска икона на тамошниот ракомет и најдобар стрелец во историјата на оваа репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top