Папата Франциск се заложи за одговорно родителство и рече дека добрите католици не треба да се разможуваат „како зајаци“.
Тој потенцираше дека се согласува со учењето на црквата дека не треба да се применува вештачка контрацепција, но дополни дека тоа не значи дека христијаните треба да раѓаат едно дете по друго.
При враќањето од посетата на Филипините, папата Франциск пред новинарите изјави дека еднаш прашал една мајка на седум деца родени со царски рез, која чекала осмо дете, дали сака зад себе да остави седум сирачиња, пренесува Танјуг.
– Господ ни дал средства за да бидеме одговорни. Некои мислат, извинете на изразот, дека мораат да бидат како зајаци за да бидат добри католици – изјавил папата Франциск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Папата Франциск одлучи: Католичката црква во Македонија ќе добие статус на Епархија
-
Папата бара казни за сексуалните злостатувачи на деца во црквата
-
Неможеше да избега: Оваа девојка кажа „да“ пред Папата Франциск (видео)
-
Нов скандал во Ватикан: Полицијата прекинала сексуални оргии, советникот на Папата предозиран