| четврток, 6 декември 2018 |

ИД бара 200 милиони долари откуп за двајца јапонски заложници (видео)

id-poiska-$200-mln-otkup-za-dvama-qponski-zalojnici-(video)-280232

Групацијата „Исламска држава“, побара откуп од 200 милиони долари за двајца јапонски заложници. Во видеото поставено на исламистички сајтови, нејзин борец,британец, се заканува дека ќе ги убие заложниците, ако парите не бидат исплатени за 72 часа, пренесуваат американските медиуми.

На видеото се гледаат двајцата заложници во портокалови маици, кои џихадистот ги идентификува како Кенџи Гото Ѕого и Харун Јукава.

Британскиот џихадист е најверојатно истиот кој се појавуваше во снимката со обезглавувањето на заложници. Тој објаснува дека јапонците биле киднапирани поради подршката на Токио на воената операција на западот против групацијата.

– Великодушно подаривте 100 милиони долари за да убиваат наши жени и деца, и да ги уништуваат домовите на муслиманите, вели џихадистот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top