| четврток, 6 декември 2018 |

Во Турција приведен полицаец во врска со убиството на новинарот Динк

Ерџан Демир, кој беше назначен минатиот месец за началник на полицијата во Џизре, во округот Шарнак во југоисточна Турција и се предал на полицијата во Анкара, откако за него беше издаден налог за апсење во врска со процесот за убиството на Динк.

dink

Турски полициски началник е приведен, откако денеска сам им се предал на властите, во врска со убиството во 2007 година на турскиот новинар од ерменско потекло Хрант Динк.

Новинарот беше убиен на 19 јануари 2007 година, во Истанбул, пред редакцијата на турско-ерменскиот весник „Агос“. Динк беше главен уредник на венсикот.

Ерџан Демир, кој беше назначен минатиот месец за началник на полицијата во Џизре, во округот Шарнак во југоисточна Турција и се предал на полицијата во Анкара, откако за него беше издаден налог за апсење во врска со процесот за убиството на Динк.

Демир е третиот полициски службеник, приведен овој месец во врска со случајот. Според семејството на Динк убиството е резултат на заговор, во кој биле вмешани државни службеници.

За време на убиството на Динк, Демир работел во разузнавачкото одделение на полицијата во Трабзон, каде живеел убиецот на новинарот, Огјон Самаст.

Според турските медиуми Демир ги отфрла обвиненијата дека ги нарушил службените должности и ја злоупотребил својата положба.

Убиецот, националистот Самаст, кој беше малолетен за време на убиството, го призна делото и во јули 2011 година беше осуден на 23 години затвор.

Една година подоцна осомничениот организатор на убисвото Јасин Хајал беше осуден на доживотен затвор, но судиите ги прекинаа процесите против 18 други обвинети лица, со мотив дека не постоел заговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top