Вим Вендерс ќе биде почесен гостин на годинашниот 65. Меѓународен филмски фестивал во Берлин кој ќе се одржи од 5 до 15 февруари.
На славниот германски режисер, кој е познат и како фотографи и писател ќе му биде врачена наградата „Златна мечка“.
На фестивалот ќе биде прикажана ретроспектива на неговите филмови, а надвор од конкуренција ќе биде емитуван неговиот најнов филм „Се ќе биде добро“ со Џејмс Франк, Рејчел Мекадамс и Шарлот Гензбур во главните улоги.
– Во секој поглед, неговата работа како режисер, фотограф или писател остави длабока трага во историјата на кинематографијата и ги инспирираше режисерите – изјави директорот на фестивалот Дитер Кослик.
Вендерс сними повеќе од 60 филма, меѓу кои и веќе легендарните „Париз, Тексас“ кој во 1984 година освои Златна палма во Кан и „Како стојат работите“ за кој беше награден во 1982 година со Златен лав во Венеција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.