Коорганизаторката на протестите на германската организација Европски патриоти против исламизација на Западот (ПЕГИДА), Катрин Ертл, изјави денеска дека откажувањето на денешниот митинг во Дрезден не значи оти ПЕГИДА ќе „дозволи да ја замолчат“ и најави продолжување на демонстрациите за следната седмица.
Планираните демонстрации во Дрезден се откажани бидејќи полицијата забрани собири, по добивање информација за смртни закани кон еден од организаторите Лук Бахман.
Огранокот на ПЕГИДА во Копенхаген планира денеска да го одржи првиот марш.
– ПЕГИДА се противи на политичката идеологија која става акцент на насилството, но не сме против интеграција на муслиманите кои живеат во земјата, наведува движењето, кое забрани носење неонацистички симболи и пароли на нивните собири.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


