| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грозни над 800 илјади лица на митингот за одбрана на исламските вредност (Видео)

Russia Charlie Hebdo ProtestПовеќе од 800 илјади лица присуствуваат денеска на митингот во центарот на Грозни за одбрана на исламските вредност, а кон него се приклучија и чеченскиот лидер Рамазан Кадиров, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.

Во соопштението се наведува дека на „митингот против навредувањето на чувствувата на муслиманските верници во центарот на Грозни присуствуваа повеќе од 800 илјади лица и оти полицијата во целост ги одржала јавниот ред и мир за време на демонстрациите“.

На митингот наречен „Љубов кон пророкот Мухамед“ се очекуваше да се соберат милиони луѓе, откако вчера на социјалните мрежи се огласи чеченскиот лидер и ги повика луѓето да дојдат на протестите.

Учесниците носеа плакати, на кои беше испишано „не на карикатурите на пророкот Мухамед“ и „исламот е религија на добрите и креативните“.

Тие извикуваа и пофални зборови за пророкот за време на маршот, кој почна од Плоштадот Минутка до централната џамија „Срцето на Чеченија“, каде е одржана заедничка молитва во 12:30 часот по московско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top