| четврток, 6 декември 2018 |

Гранслем шампионките Ивановиќ и Кузнецова елиминирани на Австралија опен

Со дузина изненадувања во женска конкуренција и елиминација дури на осум носителки почна новото издание на Австралија опен, првиот гранслем во сезоната што се игра во Мелбурн.

Поранешната финалистка на турнирот Ана Ивановиќ се прости од натпреварите уште во првото коло по поразот од Луси Храдецка. Чешката тенисерка е специјалист за игра во двојки и 142. на светската ранг-листа, но успеа да ја изненади поранешната шампионка на Ролан Гарос и финалистка на Австралија опен, Ивановиќ со победа од 2-1 во сетови.

Ana-Ivanović2

Ивановиќ со солзи во очите го напушти теренот, а причина за поразот се десетте двојни сервис грешки. Стартот беше кобен и за Светлана Кузнецова, која има две гранслем титули, а во Мелбурн испадна веднаш од Каролин Гарсија со пораз од 0-2.

Настапот на стартот го завршија и Анжелик Кербер, Сабине Лисицки, Луси Сафарова, БелиндаБенчиќ, Карла Суарез Наваро и Анастасија Пављученкова, сите рангирани како носителки на турнирот.

Кај мажите Томи Робредо не го издржа напорот и се предаде уште во првиот сте, па понатаму оди Роже Васлан, испадна и Ернестс Гулбис, а во останатите мечеви од премиерниот ден немаше изнандувања.

Рафаел Надал, Роџер Федерер и Енди Мареј, кои се фаворити за титулата победија во три сета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top