Дваесет и осум годишниот Даниел Милошески беше најсреќниот од тројцата верници кои влегоа во базенот од дворот на соборниот храм Светите Кирил и Методиј во Тетово и кој го фати осветениот крст на денешното одбележување на верскиот празник Богојавленије Водици.
Претходно митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф во сослужение на повеќе свештеници од тетовското арихиерејско намесништво отслужи света божествена литургија и водосвет.
На празнувањето на Водици во Тетово присуствуваше и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов кој му честиташе на Милошески за неговиот успех.
– Првпат скокам по крстот на Водици. Навистина сум возбуден и изминатата ноќ три пати сонував дека ќе го фатам крстот и ете ми успеа. Им посакувам мир , среќа, благосостојба и здравје на сите луѓе во светот, изјави Милошески.
Освен во Тетово претседателот Иванов празникот Водици ќе го проследи и во Гостивар каде по околу седумдесет години ќе се прослави овој ден со фрлање на крстот во Вардар. Водици се одбележува и во повеќе села во тетовско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?


