Невремето и голомразицата на патиштата предизвикаа повеќе сообраќајни несреќи, во кои најмалку четири лица загинаа на североистокот на САД.
Во близина на градот Филаделфија се случи верижен судар во кој учествуваа меѓу 30 и 50 возила, а едно лице загина.
Во друг верижен судар на автопат во непосредна близина, загинале две лица, соопшти полицијата. Во судар во Конектикат една жена го загубила животот.
Во областа Сиетл, поради бурен ветер десетици илјади луѓе останале без струја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


