Саудиска Арабија гради ѕид долг 1.000 км за да се заштити од милитантите на терористичката Исламска држава. Имено, Саудиска Арабија планира да изгради ѕид на северот на земјата за да ја заштити северната граница, од каде постојат закани за навлегување на припадници на ИС. Инаку, саудискиот крал првата фаза на проектот ја покрена во септември 2014 година, откако припадниците на ИС зазедоа одредени делови во соседен Ирак. На ѕидот би требало да се наоѓаат термални камери и радари кои може да детектираат поединци на оддалеченост од 20 км и возила на 40 км. Исламска држава ја гледа Саудиска Арабија како предавник на исламот заради силните врски со западните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.