| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Бакрачески: Фуере е докажан пријател на Охрид

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес оствари средба со почесникот граѓанин на Охрид и поранешен дипломат Ерван Фуере, објавува „Охрид 1“. На средбата на која присуствуваше и Претседателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска, како и заменкот на градоначалникот Анѓел Јанев со Ерван Фуере било разговарано околу можностите за продолжување на активностите кои ги почнаа лани на Водици, а кои се во правец на поголема афримација на Охрид во светската јавност како дестинација за одмор и патување.

Градоначалникот Бакрачески кажа дека Фуере како почесен граѓанин на Охрид е докажан пријател на градот и му се заблагодари што излегол во пресрет на молбите кои до него ги упатил Градоначалникот пред една година и придонел Македонија да се најде на страниците на реномираниот Њујорк Тајмс.

– На наше големо задоволство имавме работна средба со нашиот голем пријател и лобист за Охрид и Македонија, почесен граѓанин на Охрид , кој прави големи напори да го промовира Охрид секаде каде Ерван Фуере има свое влијание. Разговаравме за можностите Фуере да го помага маркетингот на Охрид секаде каде има влијание и секако да даде помош со совети во реализација на проекти ко иби се оствариле со финансирање од европски фондови. Особен ое важно да продолжи комуниакциајта, бидејќи Фуере е наш докажан приајтел на Охрид – изјави Бакрачески.

Фуере рече дека тој е задоволен од соработката со Градоначалникот и локалната власт во Охрид и дека ќе продолжи и натаму да прави се што е во рамки на неговите можности да го промовира градот Охрид и Македонија како дестинација.

Низ разговорите Ерван Фуере рече дека секогаш ќе доаѓа во Охрид не само заради убавините, туку пред се заради топлината на луѓето и големото гостопримство кое тој го чувствува и доживува во нашиот град и во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top