Актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, во дуелот со противкандидатот од СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „Вин вин“ на телевизијта „24вести“ ја обвини својата поранешна партија дека му се заканувала нему и на неговите синови.
– Вие сте меѓу првите што ми се заканувате. Вие направивте големи грешки. Се јавувате во четири наутро и му се заканувате на едниот син. Многу добро знаете чиј син седел на маса кога му се јавувате на другиот мој син за да му се заканувате – рече Јакимовски.
Јакимовски го навлече гневот на партијата и на лидерот Бранко Црвенковски откако реши да не ја почитува одлуката за бојкот на изборите и се кандидираше за градоначалничката фунција преку Српската напредна странка на Драгиша Милетиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.