| четврток, 6 декември 2018 |

Мистерија околу смртта на руската тенисерка: Како и каде умрела оваа убавица?

Тажната вест за смртта на младата тенисерка Виолета Дегртрарева е главна вест во Русија! Првобитно се појави информација дека оваа убавица умрела за време на тренингот, а но еден ден потоа стигна демант од директорот на спортскиот центар „Олипмиски“, Анатолиј Колосков во кој вежбала тенисерката.

– Цел интернет е полн со информации дека Виолета умрела во текот на тренингот, а тоа не е точно. Тоа не е точно! Ниту фактот дека умрела по тренингот на пат кон болница, не е точно. Виолета воопшто не тренираше оваа година, а што имаме и видео доказ, рече Колосков и додаде:

-Поради овие лажни информации добив повик од канцеларијата на обвинителот за да го објаснам целиот случај. Зошто умрела Виолета не знаат ниту докторите, но тоа не се случи во нашиот центар.

За сега останува мистерија како оваа убава тенисерка умрела и каде, да се надеваме дека наскоро лекарите ќе ги утврад причините за смртта, а полицијата ќе открие каде се одвивал несреќниот случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top