| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 50 илјади лица протестираа во Берлин против ГМО

berlin

Околу 50 илјади лица протестираа во Берлин протов генетски модифицираната храна, спогодбата меѓу САД и Европската унија позната како ТТИП, како и масовната земјоделска технологија.

Повеќе од 12 организации се приклучија вчера кон демонстрациите „Доста ни е!“, а кои оваа година беа фокусирани на зголемениот увоз на американската земјоделска пракса, како што се генетската модификација, антибиотските инјекции за животни и хемиското третирање на месото со примена на контроверзната спогодба Трансатланска трговија и партнерски инвестиции.

Според полициските проценки на протестот, кој бил мирен се собрале 25 илјади лица.

На маршот му се приклучиле и голем број земјоделци, кои пристигнале со 80 трактори.

Демонстрациите се совпаднаа со Меѓународната зелена недела, годишна земјоделска манифестација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top