
Македонската ракометна репрезентација по два дуела има две победи и со Хрватска е на делба на првата позиција во групата. Капитенот на нашата репрезентација Кирил Лазаров со девет голови беше најдобар стрелец, а по дуелот со Иран истакна дека следуваат потешки противници.
– Важно е дека победивме. Можеби ова ни се случи во вистинско време, а сите сме свесни дека не може вака. Требаше да се одмориме, но ние се уморивме. Треба да ги одмориме и главите и максимално квалитетно да се подготвиме за Босна и Херцеговина. Ќе имаме и ден одмор, што е добро. Потешките натпревари допрва следуваат, а првенството е долго. Босна и Херцеговина ќе биде потежок ривал од Тунис. Имаме подобар скор и сакаат да ни се реваншираат. Порано беа добри поединци, сега се добар колектив – изјави Лазаров.
Македонија денеска има слободен ден, а утре во рамките на третото коло противник е Босна и Херцеговина, која вчера загуби 21:23 од Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


